Некогашниот фудбалер на Ливерпул, Дени Марфи, не верува дека Мохамед Салах ќе го напушти „Енфилд“, но во случај да се случи тоа тој порачува дека клубот ќе мора да донесе супер-ѕвезда, како замена за Египѓанецот.
Салах, неодамна изјави, дека Барселона и Реал се големи клубови и дека во иднина, би ги разгледал нивните понуди.
„Доколку останеш без играч како што е Салах или пак Мане, мораш да имаш подготвен план и да ангажираш адекватна замена. Ливерпул е тим кој се потпира на напаѓачката тројка и тука не смее да се ризикува, мора да донесат супер-ѕвезда. Нема многу играчи кои се продуктивни како што е Салах (175 натпревари, 110 голови). Алтернатива може да биде Санчо или можеби Мбапе. Ливерпул ќе бидат подготвени доколку Салах замине“, рекол Марфи.
Мохамед Салах има договор со Ливерпул до јуни 2023 година. Неделно тој заработува 200.000 фунти.