Top Sport

„Актер на годината“ – Маријано Диас (Видео)

Напаѓачот на Олимпик Лион Маријано Диаз може да влезе во конкуренција за „фудбалски актер на годината“. откако на дуелот со Тулуз успа да го измами главниот судија да досуди пенал за неговиот тим.

Диас во 24 минута излезе само пред голманот на Тулуз, успеа да го мине но откако виде дека нема да ја стигне топката реши да падне како покосен. Наместо да добие жолт картон, тој успеа да го измами главниот судија Летисије и доби пенал.

Оние кои се сеќаваат на Алберто Џилардино ќе се присетат на слична ситуација во која се најде италијанскиот напаѓач пред десетина години кога беше играч на Милан.

Scroll to Top