Top Sport

Шариќ одличен, Бизли го сруши Бостон, заврши серијата на Чикаго (Видео)

Торонто се врати од негатива од 22 поени и победи во Филалдлефија, Дарио Шариќ одигра еден од најдобрите натпревари во кариерата, Мајкл Бизли го растури Бостон, а Кливленд стави крај на победничката низа во која беа кошаркарите на Чикаго.

Талентираниот состав на Филалделфија не успеа да слави против еден од најдобрите тимови во Источаната конференција, Торонто Репторс, иако во еден момент имаше предност од 22 поени.

Блескаше кај Филалделфија Дарио Шариќ на кого му недостигаше една асистенција за трипл-дабл. Хрватот одигра еден од најдобрите натпревари во НБА кариерата, имаше учинок од 18 поени (7/10 од поле), 10 скока и реордни во кариерата девет асистенции.

На крајот тоа не беше доволно да се анулира учинокот на „Ол стар“ на Торонто, Демар Дерозан кој постигна 45 поени (личен рекорд).

Њујорк во култната арена во САД „Медисон Сквер Гарден“ славеше против лидерот во Источната конференција, Бостон Слетикс 102:93. Нестварен натпревар одигра 28-годишниот Мајкл Бизли кој за 24 минути имаше учинок од 32 поени и 12 скока. Бизли во целост го поништи лошиот учинок на јандобриот играч на Њујорк, Кристапс Прозингинс кој постигна само еден поен.

Најефикасен кај Селтикс беше Кајри Ирвинг со 32 поени (6/15 за три). Бостон во Њујорк го забележа четвртиот пораз на последните осум натпревари.

Неизвесен натпревар полн со пресврти одиграа Феникс и Мемфис, а победникот го реши бекот на Санс Трој Дениелс со тројка на 17 секунди до крајот. Феникс славеше 97:95.

Ти Џеј Ворен со 27 поени го предводеше Феникс, а кај Мамфис со 21 поен најефикасен беше Тајрик Еванс.

Неизвесно беше и на натпреварот во Кливленд каде Чикаго Булс беа поразени од Кавалирс 112:115. За Чикаго ова е првиот пораз по серијата од седум победи.

Леброн Џејмс (34 поени, 6 скока, 9 асистенции) и Кевин лав (27 поени, 7 скока) го предводеа Кливленд, а кај Чикаго Финецот Лаури Марканен уфрли 25 поени.

Scroll to Top