Холивудската ѕвезда Мајкл Б. Џордан, заедно со милијардеерот Бил Фоули стана нов сопственик на англискиот премиерлигаш Борнмут, откако ги купија акциите од поранешниот газда, рускиот богаташ Максим Демин
Фоули ќе го преземе клубот, додека ѕвездата од „Црниот пантер“, Џордан заедно со Нула Саркер и тенискиот Дејвис куп, се делумни сопственици во клубот со цел да се „интернационализира“ името на Борнмут.
„Остануваме со приодот: ‘секогаш напред, никогаш назад’, како во сите мои бизнис-зделки. Посветен сум да работам со најдобрите фудбалски и бизнис умови за да се развив клубот“, изјави Фоули.