Top Sport

Ал-Хелаифи и Нејмар Сениор заедно на училиште!

Делегацијата на Пари Сен-Жермен, предводена од сопственикот на клубот, Насер Ал-Хелаифи се наоѓа во посета на својата повредена ѕвезда Нејмар, по многубројните секојдневни шпекулации околу иднината на Бразилецот во францускиот клуб.

Според повеќе медиуми се работи за „последен обид“ да се убеди Нејмар да остане во ПСЖ, но Ал-Хелаифи ја искористи посетата, заедно со таткото на Нејмар, Нејмар Сениор да посетат едно локално училиште.

Се работи за „Институто пројекто Нејмар јуниор“, училиште кое фудбалерот го отвори во Праја Гранде во 2014 година, со цел да едуцира над 2.400 сиромашни деца.

Покрај Ал-Хелаифи во Бразил се заминати и спортскиот директор Енрике Антеро и директорот на комуникации Жан-Марсиел Рибе.

 

Scroll to Top