Top Sport

Ал-Хелаифи: Нема шанси Мбапе да си оди од ПСЖ бесплатно

Претседателот на Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Хелаифи при презентацијата на новиот тренер, Луис Енрике, му порача на Килијан Мбапе дека може да замине од клубот, но дека нема шанси ПСЖ да дозволат „најдобриот фудбалер на светот“ да замине бесплатно, додавајќи дека е потребно тој да потпише нов договор.

Мбапе влегува во последната сезона од неговиот договор со ПСЖ и веќе ги информирал шефовите дека нема да го продолжи договорот, со најавен бесплатен трансфер во Реал Мадрид во 2024 година. Но, Ал-Хелаифи и ПСЖ инсистираат дека тој мора да потпише нов договор до крајот на јули бидејќи во спротивност ќе биед продаден.

„Нашата позиција е многу јасна. Ако Килијан Мбапе сака да остане, тогаш и ние сакамее тој да остане. Но, не можеме да дозволиме најдобриот фудбалер на светот да си замине од клубот бесплатно“, одговори Ал-Хелаифи.

Дури и да биде ставен на трансфер-листата, тешко е да се очекува дека има многу клубови кои ќе ја платат посакуваната цена на Пари Сен-Жермен.

Scroll to Top