Top Sport

Дождот сопре, Швјонтек и Медведев рутински во второто коло

Дождот на Вимблдон предизвика откажување на уште 20-тина меча од распоредот, но попладнето конечно, дел од тенисерите и тенисерките имаа шанса да ги комплетираат своите мечеви, меѓу кои и светската тенисерка број 1, Полјачката Ига Швјонтек.

Швјонтек го реши мечот против Шпанката Сара Сорибес Тормо за само час и 10 минути игра победувајќи со 6:2/6:0 за да влезе во третото коло, каде што ќе ја чека подобриот од мечот помеѓу Хрватката Петра Мартиќ и Французинката Дијана Пари.

Третиот носител, Русинот Данил Медведев ја заврши работата во три сета против гренд слем дебитантот, Британецот Артур Фери со 7:5/6:4/6:3 победа над 20-годишниот светски број 391.

Медведев, кој е шампион од САД опен од 2021 и освојувач на пет турнири оваа година, нема најдобар скор на Вимблдон, со чтвртото коло како најдобар успех. Фери почна упорно и имаше 5:5 пред да дојде паузата поради дождот и Русинот да ја преземе контролата на мечот.

Григор Димитров и покрај прекинот по влетувањето на протестантите на теренот број 18, стигна до рутинска 6:1/6:2/6:1 победа над Јапонецот Шо Шимабукуро и сега го чека подобриот од мечот помеѓу Белорусинот Иља Ивашка и Аргентинецот Федерико Корија во следното коло.

Scroll to Top