Претседателот на Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Хелаифи останува голем фан на Давид Луиз и би сакал да го врати Бразилецот на „Паркот на принцовите“, иако тренерот Маурисио Почетино има резервации.
На 34-годишниот Бразилец му завршува договорот со Арсенал на 1 јули и останува слободен агент со можност за враќање во ПСЖ, каде што играше од 2014 до 2016 година.
Според „Сан“, Почетино се спротиставил на оваа идеја бидејќи смета дека Луиз има репутација на непредвидливост и на многу грешки во одбраната.