Top Sport

Ал-Хелаифи сака финалето на ЛШ да наликува на НФЛ Суперболот

Претседателот на Пари Сен-Жермен и на Европската асоцијација на клубови (ЕЦА), Насер Ал-Хелаифи вели дека Лигата на шампионите мора да воведе нешто налик на „свечено отварање“ на финалето во стилот на НФЛ Суперболот бидејќи не сфаќа како американскиот спектакл изгледа поголем од европскиот фубалски спектакл.

Суперболот подолго време претставува не само кулминација на сезоната во американскиот фудбал, туку и една голем забава со музички ѕвезди како Доктор Дре, Снуп Дог и Еминем на овогодишното издание. Финалињата на ЛШ носат помал спектакл за гледачите и во интервју за „Атлетик“, Ал-Хелаифи вели дека тоа го фрустрира.

„Финалето на ЛШ мора да биде поголемо. Не можам да сфатам како Суперболот може да изгледа поголем од финалето на Лигата на шампионите. Суперболот, но и САД севкупно, имаат таков систем на креативност и забава. Тоа го предложувам и тука во Европа, да се има церемонија на отварање на Лигата на шампионите, за менувае на статус кво ситуацијата. Секој меч треба да е настан и забава“, вели Ал-Хелаифи.

Scroll to Top