Килијан Мбапе остана во Париз и ќе тренира со играчи кои не се во план за првиот тим кој е на турнеја во Јапонија. „Скај Спортс“ објави дека Мбапе е цел на Ал-Хилал, но дека саудискиот клуб стапил во контакт и со Тотенхем за евентуален трансфер на Хари Кејн.
Саудијците се подготвени да му понудат огромни пари на Мбапе, но се свесни дека Реал му е прв избор. Токму затоа, тие контактираат и со Тотенхем за Хари Кејн.
Според информациите, Ал-Хилал е подготвен да плати отштета според барањата на Тотенхем, но Хари Кејн инсистира да се пресели во Баерн Минхен и да остане во Европа.