Top Sport

Ал-Хилал го потврди трансферот на Милинковиќ-Савиќ

Саудискиот Ал-Хилал се пофали со потписот на српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој пристигнува од Лацио за 40 милиони евра, каде што ќе се приклучи на уште две ѕвезди кои пристигнаа ова лето – Калиду Кулибали од Челси и Рубен Невеш од Вулверхемптон.

Милинковиќ-Савиќ потпишува тригодишен договор со клубот од Ријад со годишна плата од фантастични 20 милиони евра, откако го отфрли интересот на Јувентус и по осум години замина од италијанската престолнина.

Scroll to Top