Top Sport

Ал-Итихад го потврди милионскиот договор за Карим Бензема

„Револуцијата“ во фудбалот во Саудиска Арабија продолжува, откако Ал-Итихад го потврди трансферот на Карим Бензема, кој денеска по 14 години се прости со Реал Мадрид за да го потпише, според повеќе извори, најбогатиот договор во историјата на фудбалот.

Бензема го следи патот на својот поранешен соиграч, Кристијано Роналдо, кој одигра половина сезона во Ал-Наср со променлив успех, но исто така со огромен договор. Според „Мундо депортиво“, Французинот ќе добив неверојатни 100 милиони евра за една сезона, и тоа е сума на која нема да мора да плати данок, за разлика од платите кои фудбалските ѕвезди ги добиваат во Европа.

Саудиските клубови не застануваат тука, со планот да се донесе Лео Меси во Ал-Хилал, иако ова може да го „расипе“ Барселона со најавите за „романтично“ враќање, а денеска се шпекулираше дека понуди имаат и Лука Модриќ, Н’Голо Канте и повеќе други фудбалски ѕвезди.

Бензема одигра 647 меча за Реал во кои постигна 354 гола.

Scroll to Top