Top Sport

Ал Наср го сака и Еден Азар

Саудискиот клуб Ал Наср кој неодамна го доведе Кристијано Роналдо го посакува и Еден Азар, најскапиот фудбалер во историјата на Реал Мадрид.

Белгискиот репрезентативец не е во добра форма, поточно не е во форма од моментот кога пристигна во Мадрид од Челси за 115 милиони евра.

Затоа, трансфер во Саудиска Арабија би бил еден од логичните потези за него. Таму ќе го пречека тренерот Руди Гарсија, со кого се познаваат уште од Лил, каде и двајцата се прославија.

Азар има 32 години, а оваа сезона одигра 13 натпревари за Реал. Постигна еден гол и еднаш асистираше. Според „Трансфермарк“ денес вреди седум и пол милиони.

Scroll to Top