Top Sport

Ал-Наср ќе доведе уште едно големо засилување од Франција

Тимот на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија, Ал-Наср, продолжува да се засилува во пресрет на новата сезона. Нов играч е Секо Фофана, кој доаѓа од Ленс.

Саудијците за овој фудбалер на Ленс ќе му платат 30 милиони евра.

Фофана ги минува медицинските тестови во Португалија, по што треба да потпише договор со Ал-Наср.

Ал-Наср минатата сезона ја загуби битката за шампионската титула, но раководството е решено да создаде квалитетен тим кој во новата сезона ќе биде повторно еден од фаворитите за највисок пласман.

Scroll to Top