Top Sport

Ал Наср му нуди богатство на Касемиро

Касемиро е еден од играчите на кои нема да смета Рубен Аморим и за кој Манчестер јунајтед слуша понуди веќе во јануарскиот преоден рок.

Англиските медиуми откриваат дека клубови од Саудиска Арабија покажале сериозен интерес и дека му нудат богат догвовор.

Касемиро со неделна плата од 350.000 фунти е еден од најплатените играчи во Премиер лигата, а Ал Наср наводно сега му нуди речиси двојно повеќе, недлна плата од 650.000 фунти неделно, додека на Јунајтед му дава колку 30 милиони фунти обештетување.

Јасно е дека ниту Јунајтед ниту Касемиро, кој е свесен дека ќе биде во втор план и нема да игра многу за Аморим, не можат да одбијат таква понуда.

Касемиро пристигна во Јунајтед од Реал Мадрид во летото 2022 година за неверојатни 70 милиони евра, но јасно е дека не ги оправда очекувањата и не игра на нивото кога го освои секој можен трофеј со Шпанците.

Со заминувањето во Ал Наср, Касемиро би му се придружил на поранешниот соиграч Кристијано Роналдо.

Scroll to Top