Саудискиот клуб Ал-Наср ја купи португалската ѕвезда Кристијано Роналдо, но нема тука да застане. Следна цел на клубот е Лука Модриќ, хрватскиот репрезентативец кој е член на Реал Мадрид.
Ирачкиот медиум „НРТ Спорт“ објави дека начелен договор со фудбалерот е веќе постигнат.
Модриќ има договор со Реал Мадрид до крајот на сезоната и сѐ уште е неизвесно дали ќе добие понуда за продолжување на соработката од „кралскиот клуб“.