Иако се веруваше дека пристигнувањето на Чави како нов тренер на Барселона е завршена работа и само се чека да се утврдат деталите, неговиот катарски клуб, Ал-Сад тврди дека тој има уште двегодишен договор и дека е фокусиран на заддржување на титулата во националниот шампионат.
Самиот Чави изјави дека е фокусиран на работата со клубот и дека не може да коментира за Барселона во петокот, а сега со соопштение се јавија и од катарскиот клуб.
„Како одговор на шпекулациите, менаџментот на Ал-Сад уверува дека Чави има двегодишен договор со клубот. Чави е целосно фокусиран на следните мечеви на тимот, за да се заддржи водството во лигата и да се одбрани титулата“, се вели во објавата на Ал-Сад.
Барселона веќе го постави тренерот на Б-тимот, Серхи Бархуан како преоден тренер и тој ќе ги води против Алавес денеска.