Top Sport

Ал Сад: Не сакаме пари за Чави, сакаме пријателски натпревар

Барселона и Ал Сад се уште не постигнале договор околу трансферот на тренерот, Чави Ернандез.

Ал Сад не сака среде сезона да остане без тренер. Чави од друга страна ги прифатил условите кои му ги понудиле од Барселона, подготвен е веднаш да го преземе тимот.

Барселона се подготвени да плата и обесштетување за тренерот, кое според шпекулациите изнесува 1.000.000 евра.

Медиумите тврдат дека Ал Сад не сакаат пари од Барселона, туку гаранција, дека во најблиска иднина „Блауграна“ ќе одигра пријателски меч во Катар.

Математиката е јасна, од еден пријателски натпревар со тим каков што е Барселона, Ал Сад ќе заработи многу повеќе пари.

Чави: Пуштете ме да си одам дома

Scroll to Top