Top Sport

Алаба го пропушта дуелот со Реал

Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хајнкенс, се соочи со непланиран проблем во пресрет на натпреварот со Реал, во Лигата на шампионите.

Хајнкенс тимот што ќе му се спротивстави на Реал ќе мора да го состави без австрискиот репрезентативец, Давид Алаба.

Австриецот поради повреда на квадрицепсот ќе биде надвор од тимот.

Позицијата лев бек, во отсуство на Алаба, ќе за пополни Бразилецот Рафиња.

Натпреварот во Минхен ќе започне во 20:45 часот.

Scroll to Top