Top Sport

Мончи: Јас го продадов Салах во Ливерпул

Спортскиот директор на Рома, Мончи, по синоќешниот пораз на Рома во Ливерпул (5:2), во првиот полу-финален натпревар во Лигата на шампионите, проговорил за продажбата на Мохамед Салах.

Рома, во летниот преоден рок, го продаде Салах во Ливерпул за сума од 42 милиони евра. Репрезентативецот на Египет, синоќа, со два гола и две асистенции го потопи својот поранешен клуб.

„Јас го продадов Салах. Морав да го направам тоа поради ограничувањата на УЕФА. Моравме да го продадеме до 30.јуни, доколку не го направевме тоа ќе бевме санкционирани од УЕФА, бидејќи тие го „чешлаа“ нашето финансиско работење“, рекол Мончи.

фото: EPA

Салах во овој момент веројатно е најдобриот играч во светот, тој на 47 одиграни натпревари има постигнато 43 гола.

„Кога дојдов во клубот имавме понуда од 30 милиони евра. На крајот го продадовме за 42 милиони, а со бонусите вкупната сума ќе изнесува 50 милиони евра. Можам да кажам дека во тој момент завршивме одлична работа. Никој не очекуваше дека потоа трансфер пазарот ќе „експлодира“ на таков начин. Од оваа перспектива Ливерпул заврши одлична работа“, завршил Мончи.

Scroll to Top