Давид Алаба на почетокот на сезоната, како слободен играч од Баерн се пресели во Реал Мадрид. Германските медиуми пишуваат дека Алба би можел да ја има клучната улога во еден неочекуван трансфер. Австриецот на претседателот на Реал, Флорентино Перез, му го препорачал својот поранешен соиграч, Серж Гнабри.
„Билд“, тврди дека Гнабри не е во добри односи со тренерот Јулијан Нагелсман. Не му се допаѓа новата улога во тимот. Гнабри, во формацијата на Наглесман игра винг-бек, односно ја покрива десната страна.
Фудбалерот смета дека тоа не е вистинска позиција за него, тој е десно крило или по потреба фудбалер што може да игра позади напаѓачот.
Договорот на Гнабри со Баерн истекува во јуни 2023 година. Досега ги одбил понудите да потпише нов договор. Доколку не го продолжи договорот до крајот на сезоната, Баерн ќе мора да го продаде во летниот преоден рок. Баварците нема да дозволат тој да замине без оштета, како што тоа им се случи со Алба и Николас Суле.
Неофицијално, доколку Ганбри замине од клубот, Баерн ќе се обиде да го донесе Кристијан Нкунку од Баер Леверкузен.