Top Sport

Алаба ќе ја носи четворката на Серхио Рамос

Австриецот Давид Алаба од денес и официјално е играч на Реал Мадрид. Алаба на „Сантијаго Бернабеу“, пристигна како слободен играч од Баерн Минхен, чии дрес го носеше 13 сезони.

Алаба ќе остане во Мадрид пет години. Со Реал договори плата од 12 милиони евра по сезона.

Денес, клубот го претстави новиот играч на социјалните мрежи.

Она што го привлече вниманието на фановите е бројот што ќе го носи Алаба. Него му припадна четворката на екс-капитенот Серхио Рамос.

Scroll to Top