Top Sport

Алаба ќе потпише за Реал, тврди „Марка“

Откако не успеа да се договори за продолжување на договорот со Баерн Минхен, наводно поради барањата за огромна плата, Давид Алаба од лето ќе стане фудбалер на Реал Мадрид, тврди шпанската „Марка“.

Австриецот ќе потпише четиригодишен договор со „Лос бланкос“, вреден 10 милиони евра по сезона, и ќе пристигне на „Бернабеу“ бесплатно, што претставува уште еден успех на трансфер политиката на „кралевите“ кои минатото лето не купија ниту еден играч.

Според „Марка“, Зидан во Алаба гледа како на клучно засилување на одбраната, посебно по нестабилните игри на Рафаел Варан, но и можното заминување на капитенот Серхио Рамос по крајот на договорот. 28-годишниот Алаба одигра 404 меча за Баерн, постигна 32 гола и имаше 49 асистенции.

Scroll to Top