Top Sport

Алаба наместо со Реал, преговара со ПСЖ?

Иако се веруваше дека Давид Алаба веќе го избрал Реал Мадрид како нов клуб по одлуката да си замине од Баерн Минхен одбивајќи ги понудите за нов договор, според „Скај Германија“, Австриецот веќе преговара со претседателот на Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Хелаифи.

Според „Скај“, ПСЖ веќе му дале конкретна понуда на 28-годишниот Алаба, кого Ал-Хелаифи го следи подолго време и сакал да го донесе и минатата сезона.

Единствен проблем на ПСЖ, за разлика од другите големи европски клубови, не се финансиите, туку почитувањето на финансискиот ферплеј. Во ПСЖ, тој исто така би добил слобода да игра на својата омилена позиција во средината на теренот, додека во Реал Мадрид таму има конкуренција во Касемиро и Тони Крос.

Scroll to Top