Top Sport

УФЦ: Паоло Коста тврди дека загубил од Адесања поради шише вино

Бразилскиот УФЦ фајтер, Пауло Коста, тврди дека ја загубил борабата за УФЦ титулата во средна категорија минатата година од Израел Адесања бидејќи ноќта пред борбата испил шише вино, односно бил мамурен.

Коста беше сметан за еден од вистинските предивикувачи на Новозеланѓанецот Адесања, влегувајќи во мечот со 13-0 скор, но загуби во втората рунда со технички нокаут. Адесања во сабота ќе се бори на УФЦ 259 со Јан Блаховски за титулата во средно-тешка категорија, додека Коста вели дека несоницата била виновна за тешкиот пораз.

„Бев малку пијан кога се борев. Не можев да спијам поради грчеви во нозете. Се сеќавам дека мечот беше во 9 наутро, а моравме да станеме во 5 за да се подготвиме. Не можев да заспијам до 2.30 часот и испив шише вино. Вината е само моја“, вели Коста.

Причината поради која мечот се оддржуваше толку рано е тоа што беше втора рунда мечеви на „Островот на борбите“ во Дубаи, а терминот беше погоден за американските гледачи.

Scroll to Top