Top Sport

Алаба си оди од Баерн: Не знам многу шпански, но ќе се разбереме на терен

Давид Алаба потврди дека ова лето ќе си замине од Баерн Минхен, прекинувајќи ја 13-годишната кариера на „Алијанц арената“ кога ќе му заврши договорот на 30 јуни, по шпекулациите дека веќе е договорен со Реал Мадрид.

На 28-годишниот австриски репрезентативец неколку пати му беше понудено да го продолжи договорот со Баварците по низа обвинувања дека бара премногу пари, по што тој реши да побара нов предизвик.

„Одлуката не беше лесна. Тука сум 13 години и поврзаноста со клубот е голема. Благодарен сум за сите работи кои ги направија за мене. Ми требаше време да ја донесам оваа одлука, и на крајот се решив на нов предизвик. Уште не сум го одлучил мојот нов клуб, иако не е тајна дека моите агенти се во контакти со повеќе клубови. Парите никогаш не беа фактор во мојата одлука“, изјави Алаба.

Реал Мадрид се први фаворити за неговиот потпис, иако во последните месеци неколку големи клубови покажаа интерес за него, вклучувајќи ги и Челси, Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Ливерпул, Пари Сенермен и Јувентус.

„Познавањето на шпанскиот јазик не ми е силна страна, но за разбирање на терен знам доволно“, изјави Алаба на прес-конференцијата.

Scroll to Top