Top Sport

Алаба за плата од 22 милиони евра ќе игра за Реал

Давид Алаба од наредната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид. Австриецот во „кралскиот клуб“ ќе пристигне без обесштетување. Со Реал ќе потпише петгодишен договор.

Давид Алаба не успеа да се договори со Баерн околу платата, поради што реши да го напушти Минхен. Реал решија да ги исполнат финансиските барања на Австриецот. Алаба ќе стане најпалтениот дефанзивец во светот, со годишна плата од 22 милиони евра.

Алба е поливалентен играч, поради што ќе биде големо засилување за Реа. Тој може да игра како лев бек, централен дефанзивец и во редот за врска.

Scroll to Top