Top Sport

Алан го напушти Евертон

Бразилецот Алан, поранешен играч на Наполи, го напушти Евертон. Алан, кариерата ќе ја продолжи во Обединетите Арапски Емирати, во екипата на Ал Вахда.

Алан, пред две сезони за 24.000.000 евра од Наполи се пресели на Гудисон парк. Не успеа да го оправда вложеното во неговиот трансфер. Одигра 57 натпревари, не успеа да постигне гол.

Оваа сезона, речии и да не доби шанса да игра. Френк Лампард на неговата позиција во летниот преоден рок донесе тројца играчи (Геј, Онана, Гарнер).

Алан со Ал Вахда потпишал две годишен договор.

Тренер во Дубаи ќе му биде поранешниот менаџер на Шефилд Венсдеј, Карлос Карвахал, а негов соиграч ќе биде поранешниот првотимец на Монако, Лестер и Сампдорија, Адриен Силва.

Scroll to Top