Top Sport

Алан Пардју ги „спаси“ Ден Хаг – без победа од јануари, но со опстанок во лигата

Дел од англиските фудбалски фанови со потсмев реагираа на одлуката на холандската федерација да го прекине шампионатот без да прогласи шампион и во исто време да нема испаѓање и влегување во првата лига, а неочекуван „херој“ стана Алан Пардју.

Пардју е тренер на АДО Ден Хаг, клуб кој немаше победа од јануари и беше седум поени од безбедната зона на осум меча пред крајот, и сега повторно и следната сезона ќе се натпреварува во Ередивизие.

58-годишниот Пардју имаше турбулентна сезона со Ден Хаг, откако во февруари на еден негов тренинг со клубот влетаа бесните навивачи кои поради слабите резултати дури му објаснуваа на англискиот стручњак каква тактика треба да има.

Во исто време, второлигашот Камбур нема да влезе во прва лига иако има 11 поени предност пред третолигашот Волендам, а Твенте најави тужба против федерацијата откако им „избега“ место во Лига Европа – тие требаа да играат со Феенорд во финалето на Купот на Холандија и со победа ќе имаа место во европското натпреварување.

Навивачите на АДО Ден Хаг му објаснуваа тактика на тренерот Пардју!

Најголемата холандска срамота! Камбур имаа 11 поени предност, но остануваат второлигаши

Scroll to Top