Top Sport

Навивачите на АДО Ден Хаг му објаснуваа тактика на тренерот Пардју!

Англискиот тренер на АДО Ден Хаг, Алан Пардју има кошмарен престој во Холандија, кој стана уште полош откако навивачите на клубот влегоа на тренинг-сесијата на клубот и му објаснуваа тактика нему и на фудбалерите.

Откако победи во првиот меч на чело на клубот, Пардју и Ден Хаг загубија трипати и одиграа реми двапати за да го остават клубот на шест поени од обезбедување на опстанок во лигата. Навивачите сметаа дека ситуацијата стигнала дотаму што тие морале да се уклучат и на фотографијата се гледа како се расправаат со Пардју и со фудбалерите објаснувајќи ја стратегијата со која треба да играат.

Според „Фудбал оранје“, инцидентот поминал без проблеми, а тренерот и играчите ги сослушале навивачите пред да продолжат со тренингот. Пардју изјави дека тимот е обединет.

„Мислам дека за жал се протнуваат некои несреќни и неточни вести. Од моето пристигнување тука има шпекулации, за раздорот меѓу холандските и англиските фудбалери, но тоа не е вистина. Глупостите ќе исчезнат кога ќе освојуваме поени“, изјави Пардју.

Scroll to Top