Судот за работни односи во Неапол нареди бразилскиот фудбалер од средниот ред, Алан да плати 170.587,5 евра на Наполи за неговата улога во бунтот на тимот во 2019 година.
По поразот од РБ Салцбург во Лигата на шампиони во ноември 2019, тимот одби да оди на „казнен тренинг“, со Алан како еден од фудбалерите кои ги поттикнувале своите соиграчи да се побунат. Алан исто така ќе треба да ги плати судските трошоци во случајот, кои ќе го чинат дополнителни 6.000 евра. Претходно за истиот случај беа казнети и Никола Максимовиќ и Елсеид Хисај, со образложение дека фудбалерите немаат право да одбиваат тренинг-кампови кога клубот ќе го нареди тоа.
Алан си замина од Наполи во септември 2020, кога Евертон плати 21.7 милиони фунти за него, но тој се повреди по неколку месеци и не заигра цел сезона. Минатиот месец, тој си замина од Евертон потпишувајќи за Ал-Вахда, клубот од Обединетите Арапски Емирати.
#Napoli, il Tribunale conferma la condanna per #Allan: dovrà pagare oltre 170.000 euro https://t.co/Rx48R76aqN
— calciomercato.com (@cmdotcom) October 28, 2022