Top Sport

Аланија го „уништи“ Фенербахче за совршен старт на сезоната

Аланијаспор стигна до четвртата победа во четвртото коло во турската Суперлига, откако направи пресврт за 3:1 победа над Фенербахче на „Бахчешехир Окулари арената“ во последниот меч од колото.

Фенербахче први стигнаа во водство во 39. минута преку Толга Чигерчи, но домаќините успеаја да израмнат пред крајот на полувремето преку Папис Сисе. Истиот фудбалер само што почна второто полувреме им даде уште еден гол на Фенер, за Жуниор Фернандеш во 62. минута да ги постави конечните 3:1.

Со ова се продолжи фантастичниот старт на сезоната на тимот на Ерол Булут – Аланија се единствениот тим со совршен скор и сега имаат 12 поени на врвот, четири повеќе од второпласираниот Ризеспор. Фенер се трети со 7 поени.

Scroll to Top