Top Sport

Клоп нема да си оди поради англиското време: Германски хумор, никој не го разбира

Јирген Клоп демантираше дека неговата иднина како менаџер на Ливерпул ќе зависи од англиското време, посочувајќи дека неговиот агент сакал да направи шега, но никој не го разбрал.

Во интервју со „ДАЗН“, агентот на Клоп, Марк Козике изјави дека не е сигурно дали тој ќе го продолжи договорот со Ливерпул по 2022 година, објаснувајќи дека не може да го трпи англиското време. Клоп, во интервју пред мечот од Лигата на шампионите против Наполи вели дека некои работи се сфаќаат пресериозно.

„Марк сакаше да направи шега. Јас морам да бидам сериозен. Германски хумор, никој не го разбира. Временските услови никогаш не биле причина да изберам град или клуб. Нема причина да си одам. Можеби во моментов е најздравото време на светот – имаме доволно дожд, свежо е, за разлика од оваа соба. Нема ништо во таа приказна. Тој ми е агент и пријател“, изјави Клоп.

Мизерното англиско време го спречува продолжувањето на договорот на Клоп?

Scroll to Top