Top Sport

Алардајс: Да се викав „Алардисио“ ќе бев тренер на Манчестер јунајтед

Според логиката на популарниот „Биг Сем“ Алардајс, само неговото име било пречка тој да биде тренер на „Олд Трафорд“ во неговата кариера.

Алардајс, кој имаше неславна епизода како англиски селектор каде што си замина со скандал, вели дека доколку имал име кое звучело „странско“, како „Сам Алардисио“, ќе ја добиел работата кај „ѓаволите“. Зборувајќи за работата на Шон Дајч како тренер на Барнли и успехот кој го имаше, Алардајс вели дека англиските тренери мора да освојат титула пред да ги викнат големите англиски клубови.

„Дајч ги изнесе Барнли од опскурност до Европа. Место во Европа е многу потешко да се обезбеди од освојување на титула во куп-финале. Не ја сфаќам логкиата. Не можеш да работиш во мал клуб и да очекуваш да освоиш голем трофеј за голема работа. Ако си Англичанец во Премиер лигата најдобро ќе поминеш ако го смениш името да звучи странско. Секогаш велев дека да бев ’Алардисио’ ќе бев менаџер на Манчестер јунајтед“, објаснува Алардајс.

Во својата кариера Алардајс нема освоено трофеј, но имаше релативно успешни периоди како тренер на Болтон, Блекбурн, Сандерленд, Вест хем и Кристал палас. Продолжувајќи со коментарите за квалитетите на британските тренери, тој го коментираше и Брендан Роџерс, кој по низата титули со Селтик во Шкотска, се врати во Англија како тренер на Лестер.

„Сите можеме да одиме во Селтик и да освојуваме трофеи“, вели Алардајс.

Scroll to Top