Top Sport

Алардајс ги мотивирал фудбалерите со „Гладијатор“ и „300“ и тие загубиле со 7:1

Поранешниот француски дефанзивец Гаел Гиве го открива најсмешниот момент во својата кариера во која бил вклучен поранешниот англиски селектор, Сем Алардајс.

Гиве беше фудбалер на Блекбурн, кои тогаш играа во Премиер лигата, и открива дека „Биг Сем“ сакал да ги мотивира своите фудбалери пред дуелот со Манчестер јунајтед во 2010 година со снимки од филмовите „Гладијатор“ и „300“. Единствениот проблем? Блекбурн потоа загубиле со 7:1.

„Се загревавме и се вративме во соблекувалната. Додека се подготвувавме, тој ни кажа: ’Момци, чекајте!’. Донесе проектор и ни покажа монтажа од филмовите ’Гладијатор’ и ’300’. Значи, во основа, војници со мечови. Тоа не загреа. По 30 минути губевме со 3:0, на крајот загубивме со 7:1. Сите се смеевме по мечот“, вели Гиве во интервју за „Л’Екип“.

Scroll to Top