Top Sport

Балотели: Сега нека зборуваат, ќе видат кога ќе се вратам

Марио Балотели прати интересна порака преку Инстаграм откако беше исклучен од тимот на Бреша за дуелот со Рома: „Сега нека зборуваат, ќе видат кога ќе се вратам“.

Контроверзниот напаѓач не беше повикан со тимот од Ломбардија за гостувањето во Рим по тепаката на тренингот и расправиите со новиот тренер Фабио Гросо. Тој е обвинет дека не се трудел повеќе на тренинзите, и по конфликтот со еден од соиграчите, Гросо го пратил дома.

Во Италија постојат шпекулации дека доколку не се „смири“ ситуацијата, Бреша е подготвена да го продаде во јануари, откако постои интерес од Галатасарај и од неколку тимови од американската МЛС лига.

Scroll to Top