Менаџерот на Евертон, Сем Алардајс ја откажа божиќната забава за фудбалерите на неговиот тим, велејќи дека прославите ќе почекаат додека не се подобри позицијата на табелата.
Алардајс во два натпревари на чело на тимот од Ливерпул оствари една победа и едно реми, „вадејќи“ го тимот од опасната зона, но вели дека забавата ќе прати погрешна порака до навивачите, бидејќи 10. место не е за „славење“.
„Да, ја стопирав божиќната забава бидејќи во моментов не е потребна поради позицијата во која сме на табелата. Им кажав на играчите дека ќе им вратам кога ќе дојдат во јануари на подобро место. Кога ќе бидеме на позиција на која можеме да кажеме: ’момци, можеме да се опуштиме бидејќи го заслужуваме тоа’. Во модерниот фудбал со социјалните медиуми важно е да се гледа дека не уживаат премногу“, вели Алардајс.