Top Sport

Мејведер: Можам да заработам милијарда во УФЦ

Флојд Мејведер Јуниор вели дека доколку би ја прекратил пензијата би можел да заработи милијарда долари во три или четири мече во УФЦ.

Мејведер го совлада Конор Мекгрегор во супер-меч во август, заработувајќи 100 милиони долари, но оттогаш остана на тврдењето  дека е пензиониран до оваа објава на социјалните мрежи.

„Неодамна ми се јавија и побараа да се вратам. Можам да го направам тоа веднаш. Да сакав ќе отидев директно во УФЦ и ќе се борев во октагон. Можам да склучам договор за три-четири меча и да направам милијарди долари. Не заборавајте, јас сум Флојд ’Мани’ Мејведер“, напиша Американецот.

Минатата недела Мејведер посочи дека тој го направил Мекгрегор да „изгледа добро“ во рингот, а сега додава дека верува дека е најголемиот спортист на светот.

„Има само еден најголем на сите времиња, и тоа сум јас. Подобро никој да не зборува за други најголеми. Јас ја комплетирав мојата кариера во најдобар стил. Задржав 100 отсто од парите кои ги заработив и останав сам свој шеф“, додаде Мејведер.

Scroll to Top