ВБА на менаџерот Сем Аладајс, со синоќешниот пораз од Арсенал (3:1) и теоретски испадна од Премиер лигата. Биг Сем, кој го замени Славен Билиќ на клупата, не успеа да избори опстанок.
„Разочаран сум. Нема зборови со кои можам да го опшиам тоа. Сакав да избориме опстанок, поради клубот, навивачите, но не успеавме“, рекол Биг Сем.
66-годишниот тренер не одговорил конкретно на прашањето дали ќе остане тренер на ВБА.
„Сега нема да одговорам на тоа прашање. Раное да заборувам на таа тема. Не сум подготвен да одговорам на тоа прашање“.
Поранешниот селектор на Англија, рекол дека сака неговите играчи да одиграат добро во последните три кола. Посакува победа против Вест Хем, бидејќи на тој натпревар ќе има публика на трибините.