Top Sport

Аларм во Реал поради договорот на Винисиус

Шпанските медиуми пренесуваат дека во Реал Мадрид настанала тревога поради актуелниот договор Винисиус Жуниор. 22. годишникот, во 2018 година потпиша договор кој истекува во 2024 година.

Реал за трансферот на Винисиус Жуниор на Фламенго им плати 45 милиони евра. Кога пристигна во Реал тој потпиша шестгодишен договор.

Тоа значи дека Бразилецот би можел слободно да преговара со други клубови од јануари 2024 година, а Реал сака по секоја цена да го избегне такво сценарио. Доколку го потпише, Винисиус сигурно ќе добие значително покачувањена платата. Моментално заработува околу три милиони евра по сезона, а во новиот договор таа сума може да се искачи на 20 милиони.

Scroll to Top