Top Sport

Алармот се вклучи во Минхен поради Кејн

Хари Кејн се врати повреден од репрезентативната пауза, што ги загрижи челниците на Баерн.

Веднаш, Баварците закажаа дополнителни тестови, со цел да се утврди сериозноста на повредата на зглобот што го мачи англискиот централен напаѓач.

Засега е познато дека тој нема да биде во поставата против Фрајбург за време на викендот, а во Минхен ќе сторат сè за да го оспособат за првиот натпревар со Реал во четвртфиналето од Лигата на шампионите следната недела.

Ќе бидат внимателни во наредните денови со состојбата на Кејн, за тој да биде подготвен кога е најпотребно.

Во исто време, тренерот Винсент Компани се надева на враќањето на Алфонс Дејвис, за кого верува дека ќе биде еден од клучните фактори во двомечот со Реал.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');