Депортиво Алавес го отпуштија тренерот Асиер Гаритано откако тимот забележа пет порази во низа за да остане на само шест поени од зоната за испаѓање.
Гаритано беше именуван за тренер на Алавес во мај 2019 по успешниот период во Леганес, но по саботниот 1:0 пораз од Реал Валјадолид, управата на клубот потврди дека тој заминува.
„Поради неодамнешните резултати на клубот, беше донесена одлука да се ослободи од обврските тренерот Асиер Гаритано и неговиот тим. Неговиот наследник ќе биде објавен наскоро“, се вели во соопштението на баскискиот клуб.
Алавес се на 15. место во Ла лига со 35 поено, израмнети со два тима под нив Селта Виго и Еибар. Тие имаат шест поени предност пред 18-пласираниот тим на Мајорка на четири меча пред крајот на сезоната, а во следниот меч гостуваат кај Реал Мадрид во петок.