Top Sport

Поранешен фудбалер на Нотингем се удавил во САД

Поранешниот фудбалер на англискиот второлигаш Нотингем форест, Дерик Отим се удавил во Јужна Каролина, САД. Тој имал само 24 години.

Отим бил дел од академијата на Форест пред да се пресели во САД да студира на Ксавиер универзитетот во Јужна Каролина. Тој бил во посета на пријатели во Клифс, кога се удавил во езерото Киови.

„Мислите на сите во клубот се кон семејството и пријателите на Дерик во ова трагично време“, објавија Нотингем на Твитер.

Scroll to Top