Без победник, 1-1 заврши третиот денешен меч од 19. коло во шанската Ла Лига меѓу Алавес и Бетис. Двете екипи освоија по бод и останаа во вториот дел од табелата, на 12-тата, односно 15-тата позиција.
Домашната екипа беше поконкретна во првиот дел, па благодарение на погодокот на Алеиш Видал во 15 минута отидоа на одмор со минимална предност. Лесно можеше резултатот да биде изедначен уште во првиот дел, но искусниот Жоакин промаши пенал на истекот на првото полувреме.
Во вториот дел Бетис ги консолидира редовите. Во 55 минута стигна погодок за израмнување. Стрелец Емерсон.
Иако гостите од 78 минута играа со 10 играчи (директен црвен картон заработи Федал), сепак не дојде до промена на резултатот.