Депортиво Алавес забележа победа над Валенсија 2:1, во вториот меч кој во саботата се одигра во 18.коло, во Ла Лига.
Алавес со пресврт, уште во првиот дел, успеа да забележи значајна победа и да ги потврди високите амбиции што ги имаат во овој клуб, за тековната сезона.
Дани Парехо, во 14.минута, постигна прекрасен гол од слободен удар. Предноста на Валенсија ја поништи седум минути подоцна Борха Бастон. Во самиот финиш, во втората минута од судиското надополнување на времето, во првото полувреме, Томас Пина успеа да го совлада Нето и да го постави конечниот резултат.
Алавес сега се наоѓа четвртото место на табелата со 31 бод, еден повеќе од Реал кој има и меч помалку. Валенсија, ја прекина низата од три натпревари без пораз и остана на 11.место со 22 бода.