Фудбалерите на Алавес ќе ја продолжат трката за четвртото место во Ла Лига, откако во Уеска забележаа победа 3:1. Од друга страна дебитантот во Ла Лига, Уска, полека го губи чекорот во борбата за опстанок.
Алавес во финишот успеа да стигне до победата. Во последните десет минути по еден гол постигнаа Аргентинецот Калери и Швеѓанецот Гуидети.
Претходно, Калери во 11 минута донесе предност за Алавес, а три минути подоцна од пенал израмни Авила.
Алевес по ова 28 коло ќе остане на петтото место на табелата со 44 бода, додека Уеска е на последното место со 22 бода.
Во наредната рунда денешните ривали ќе играат против екипи од Мадрид, Алавес го го пречека Атлетико, а Уска ќе гостува кај Реал.