Top Sport

Алба: Модриќ е одличен, но Меси е на друго ниво

Лионел Меси, синоќа блескаше во Лондон, против Тотенхем и со два гола и го трасираше патот на Барселона до победата 4:2. Аргентинецот, исто така беше директно вклучен и во акциите по кои голови постигнаа Фелипе Кутињо и Иван Ракитиќ.

Покрај Меси во Тотенхем ќе го паметат и Жорди Алба. Левиот бек поради добрата соработка со Аргентинецот забележа три асистенции.

„Според мене наградата на ФИФА е чиста лага. Модриќ е одличен играч, еден од најдобрите во светот, но Меси е посебен. Тој игра на поинакво ниво и уште еднаш покажа дека е најдобар во светот. Кога Лео ја има топката, ние останатите само треба да трчаме и да се бориме. Покрај него сите изгледаме подобро“, изјавил за „Марка“, Жорди Алба.

Оваа изјава е само една од многуте што доаѓаат од Каталонија, а со која се дискредитира наградата што од ФИФА ја доби играчот на Реал, Лука Модирќ.

Scroll to Top