Top Sport

Клоп: Го заслуживме поразот

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, рекол дека неговиот тим го заслужил поразот во Неапол. Наполи, синоќа во Лигата на шампионите, го победи Ливерпул со 1:0, со голот што Инсиње го постигна во 90.минута.

Ливерпул го одигра најлошиот меч од почетокот на сезоната, а помалку неверојатен е податокот дека играчите на Клоп во текот на целиот натпревар не упатиле ниту еден директен удар во голот на Наполи. Дуелот во Неапол е првиот по 2012 година во кој фудбалерите на Ливерпул не упатиле удар во противничкиот гол.

„Не заслуживме ништо подобро од ова. Јасно ви е како игравме кога најдобар наш играч беше голманот Алисон. нема што да додадам повеќе, па ние не шутнавме кон голот“, рекол за телевизијата „БТ“, Клоп и дополнил.

„Поразот е заслужен, нема потреба да правиме некаков метеж околу тоа. Имавме некои свои моменти, но најчесто формацијата не беше добра. Популнувавме на погрешни места. Тројца играчи во редот за врска, работата беше речиси невозможна. Тактички погрешивме пред да го примиме голот, исто ни се случи и притив Челси.

Наполи со победата над Ливерпул ја презеде челната позиција во Ц-групата со четири бода, бод помалку имаат „црвените“ на Клоп и ПСЖ, а Црвена ѕвезда остана на еден бод.

Scroll to Top