Top Sport

Алба: Направивме глупост што го продадовме Суарез

Жорди Алба ја нарече одлуката на неговиот клуб Барселона да го продаде Луис Суарез на Атлетико Мадрид е „шега“, сметајќи дека неговиот пријател им ја „затворил муцката“ на многумина оваа сезона.

Суарез беше продаден за само 6 милиони евра на Атлетико по шест сезони на „Ноу Камп“, по што 34-годишниот ветеран беше еден од клучните фудбалери во освојувањето на првата титула по седум години. Алба сега отворено вели дека тоа било огромна грешка.

„Вистинска шега! На крајот тие со него ја освоија титулата. И тоа не ми се допаѓаше. Покрај пријателството кое постои, да зборуваме реално, каде ќе најдете напаѓач како него? Да, има многу добри фудбалери, но  тоа што Луис ни го носеше. Затвори многу муцки оваа сезона. Атмосферата со негово Барса беше спектакуларна. Тој работи напроно, одличен е во тимот и е трет најдобар стрелец во историјата на Барса“, признава Алба во интервју за „Кадена СЕР“.

Scroll to Top