Top Sport

Жорди Алба потпиша петгодишно продолжување на договорот со Барса

Жорди Алба потпиша нов долгогодишен договор со Барселона, со што сигурно останува на „Ноу камп“ барем до 2024 година, потврдија шпанските шампиони.

Алба е во одлична форма оваа сезона, со 14 асистенции во сите натпреварување и со два гола за тимот кој има седум поени предност пред Атлетико во Ла лига. Тој е награден со петгодишен договор со клаузула за откуп од астрономски 500 милиони евра.

Алба дојде во Барселона од Валенсија во 2012 година и оттогаш има 282 настапи за Блауграна, освојувајќи со нив четири лигашки титули, четири трофеи од Копа дел реј и еден трофеј од Лигата на шампионите. 29-годишниот Шпанец има 14 гола во кариерата за Барса, а посебно се покажува како асистент на Лионел Меси, до кого има додадено 20 пати за гол во кариерата.

Фото: ЕПА

Scroll to Top